
По неколку одложувања Венко Филипче ја откри т,н Резолуција за црвените линии на Македонија за одблокирање на европските интеграции и прифаќање на бугарските услови. Кога внимателно ќе се погледне текстот, може да се заклучи дека ова е набрзина скепан документ без потребните гаранции за Македонија. Клучниот збор во Резолуцијата на лидерот на СДСМ е „определба“.
„Република Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или прашања од билатерален и идентитетски карактер“ стои во документот.
Филипче има генијална идеја уставните измени да ги завршиме до февруари следната година и веднаш да испратиме писмо до државите членки на ЕУ и до Европската комисија дека е “исполнета нашата обврска за одблокирање на преговарачкиот процес и да ги достави потребните документи (Патокази) кои ги има подготвено како инструменти вообичаени за преговорите“.
Во документот Филипче не споменува никави писмени гаранции дека ова ќе биде последно барање на Бугарија туку само дека Македонија си го исплнила својот дел од обрврските. Со други зборови Бугарија може да дозволи преговорите само да почнат а следната блокада да биде со отворање на следното поглавје популарно наречено „чаптер“.
Поради содржината во која нема никаква суштина малку е веројатно дека овој документ ќе добие поддршка од пратениците.
Игор Чавески