Skip to main content

Мисајловски во Брисел: Македонија останува посветен и стабилен сојузник

Во пресрет на Самитот на НАТО, денеска во седиштето на Алијансата во Брисел учествував и се обратив на министерскиот состанок на Северноатлантскиот совет.

Разговаравме за заедничките приоритети, инвестирањето во одбранбените капацитети, зајакнување на вооружените сили и одбранбената индустрија, како и за предизвиците со кои се соочува евроатлантската безбедност.

Македонија останува посветен и стабилен сојузник. Продолжуваме да инвестираме во одбраната, да ја модернизираме Армијата и да го зајакнуваме нашиот придонес во колективната одбрана, затоа што силна и безбедна држава се гради со визија, одговорност и партнерство.

Со конкретни чекори и засилена соработка со сојузниците, продолжуваме да ги унапредуваме капацитетите на Армијата и да ја зацврстуваме позицијата на Македонија како активен и доверлив партнер во Алијансата.

Заедно, за подобро утре, за сигурна и стабилна иднина, за безбедноста на нашите граѓани!

Поврзани вести