
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешниот митинг во Општина Чучер Сандево истакна дека општината е со историја, со достоинство, со вредни и чесни луѓе, но изминатиот период наместо напредок и решенија, имало застој и отсуство на вистинска грижа.
-Потребно е Чучер Сандево да има градоначалник кој ќе ги слуша потребите на граѓаните, ќе работи домаќински и посветено, без празни ветувања. Денеска сме тука да кажеме дека е доста од празните зборови. Време е за промени во Чучер Сандево, потенцираше Мисајловски.
Нагласи дека кандидатот за градоначалник Зоран Бајовски ја носи посветеноста и одговорноста која недостасува последните години во оваа општина.
-Со искуство и решителност подготвен е да ја врати довербата и да се избори за многу проекти. Не ветува невозможни работи туку конкретни работи. Со искрена намера секојдневно да работи за нови проекти во Чучер Сандево, со план со стратегија. Зоран нема да ви го каже тоа што сакате да го слушнете, туку ќе го направи она што одамна требаше да биде направено, но и она што е реалност ќе ви го каже, нагласи Мисајловски.
Ги повика жителите на 19 октомври масовно да излезат и да гласаат покажувајќи дека Чучер Сандево знае да избере чесност, наместо интереси и работа наместо зборови.