
Сметаме дека македонски војници на украинска територија не треба да има. Она што е најважно и е од особена важност за украинските граѓани, најнапред да се воспостави мирна состојба односно да се дојде до взаемно решение кое би гарантирало долгорочен мир, а во меѓувреме да се разговара за модалитетите за натамошна помош, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, за Гласот на Америка.
-Да се најде решение. Ние сме земја за мир, сакаме да има мирно решавање и потоа да видиме максимум она што ние како држава може да помогнеме. Тогаш се разбира, би го кажале нашиот став. Да видиме како ќе се одвиваат овие работи, потенцира министерот Мисајловски.
Засега нема такво барање, не е ставено на масата, но има различни размислувања помеѓу различни земји. Очекувам дека во наредните недели дека тоа ќе биде едно од прашањата за коешто би можеле да се размислува вака подлабоко. Но, пред сè треба да се седне и да се најде мирно решение, додаде Мисајловски во интервјуто за Гласот на Америка.