Skip to main content

Мисајловски го пречека својот колега Хелез од БиХ

Фејсбук профил на Владо Мисајловски

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денес го пречека министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, кој е во официјална посета на Македонија.

Добредојде за мојот колега од Босна и Херцеговина, министерот Зукан Хелез, кој е во официјална посета на Македонија и Министерството за одбрана, објави Мисајловски.

Во рамки на посетата предвидени се неколку активности – свечена церемонија пред платото на Министерството, тет-а-тет разговор со министерот Владо Мисајловски, билатерални разговори на двете делегации и ќе ја посетат и Воената академија, каде ќе присуствуваат на првиот академски час.

Поврзани вести