Skip to main content

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата истакна дека за него името Македонија е свето име и оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли.

Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам – рече Мицкоски, на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“.

Мицкоски најави дека Предлог законот за правична застапеност а кој има мислење од Венецијанската комисија би требало да се најде во Парламентот многу скоро.

Имаме седница на Влада во вторник. Помина на Влада пред да се испрати во Венецијанската комисија, ако треба повторно ќе помине и ќе го испратиме во Собранието – рече Мицкоски.

Поврзани вести