Skip to main content

Мицкоски: Почнува изградба на Дом на културата во Петровец

Влада

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Петровец каде што почна да се гради Дом на културата.

Изборите завршија, да продолжиме со реализација на проектите тоа што сме го ветиле и земале обврска пред граѓаните да го реализираме. Јас му честитам на градоначалникот, навистина многу посветено работи што впрочем го покажува изминативе години и не случајно е и по 5 пат избран за градоначалник на Општина Петровец, уште поубедливо него ли во минатите неколку пати. Навистина благодарен сум за сето тоа што го прави за жителите на Општина Петровец и ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме општините во испорачување на проекти коишто ќе значат додадена вредност во животите на граѓаните, изјави Мицкоски.

фото: Влада
фото: Влада
фото: Влада

Поврзани вести