Skip to main content

Мицкоски: Создаваме иднина за сите граѓани

Земјо мила…
Овде почнува секоја приказна.
Со првиот здив, со првиот чекор, со првата светлина.
Во секоја улица има векови истрајност, секое маало памети и борба и љубов и надеж.
Тука растат карактерот и домовите.
Твоето маало е повеќе од место.
Тоа е твојата борба и твојата љубов.
Тука се твоите подеми и падови, првата симпатија и првиот предизвик, тука растеш, тука учиш што значи да се биде човек.
Да се биде човек значи да се сподели, да се помогне, да бидеш тука – еден за друг.
Така се гради доверба, така се гради иднина, така се гради животот и кога си свесен дека промените не доаѓаат наеднаш, туку чекор по чекор.
Со луѓе што ја чувствуваат улицата и ги споделуваат твоите соништа се радуваат на твоите успеси и подвизи и не ветуваат чудо, туку работат да биде подобро.
Животот е составен од радости и предизвици, од надежи и сомнежи, но кога се имаме едни со други тогаш имаме сила, тогаш има надеш.
Иднината не ја гради некој друг, таа е во нашите избори денес, во секоја рака што помага, во секое срце што верува и знаеш, дека твојот глас е повеќе од политика.
Тоа е избор за улицата по која чекориш, за паркот каде се среќавате, за училиштето каде растат вашите деца и знаеш, со еден избор продолжуваш напред.
Со друг можеш да се вратиш назад.
Твоето место е дел од твојата душа, твојот човек е оној што секогаш е тука.
Твојата иднина е она што заедно го создаваме.
А сите три ги поврзува…
вистинскиот избор!
Вистинскиот избор!
Со Твојот човек!
За Твоето место!
За твојата иднина!

Фејсбук статус на претседателот на владата Христијан Мицкоски.

Поврзани вести