Skip to main content

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна на темата за Извештајот на Европскиот парламент и зборуваше за реакциите на опозицијата на оваа тема. Тој истакна дека  нивните грешки, кога беа на власт, и коруптивни политики доведоа до оваа ситуација да Македонија се соочува сега со национални компромиси. Мицкоски на крај заклучи дека нивните политики се предавство на македонскиот народ и на Македонија.

,И ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди, но барем јасно е сега на сите и во Европа и во целиот свет, дека во суштина, не биле проблем Бугари во Устав, туку нешто многу подлабоко, нешто многу поголемо. А тоа е, македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Но, имам само една порака со СДСМ и од опозицијата, кои не чекаа дури и да заврши гласањето во Европскиот парламент. А тоа е,  засрамете се. Треба да ви е срам. Тоа што им го правите на македонскиот народ, на македонските граѓани и на Македонија како држава“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека СДСМ и ДУИ не ја зборуваа вистината пред македонските граѓани, и дека тоа го претставуваа само како една мала интервенција која треба да се направи во Уставот.

Да не беше прифаќањето на оној последен предлог, со којшто лажевте и не ја говоревте вистината пред македонските граѓаните и  македонскиот народ, дека е обезбеден и македонскиот идентитет и македонскиот јазик, дека се обезбедени стратешките приоритети, дека само треба една мала интервенција да направиме во Уставот и тука завршува се, наеднаш млеко ќе почне да тече по улиците и мед.

Тоа беше најголемата лага којашто за догледно време ги затвори вратите во Европа, за македонскиот народ и за македонски граѓани. Тоа е суштината која што тие ја направија. Тоа е болката која што тие му ја нанесоа на македонскиот народ и на македонските граѓани. Тие нема да заборават и многу скоро од денеска, за неколку месеци, на избори ќе им кажат дека понекогаш државотворната СДСМ останува само една обична маргинална политичка партија која што набргу заминува во историјата“, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека тоа што СДСМажеа, за европско здравство и преку кампањски песни за Европа, и потсети на нивните измами со референдумското прашање за ЕУ ќе влезат само во онаа срамна историја.

Но, на онаа срамната историја на македонскиот народ. Ги памети народот вашите кампањи, вашите кампањски песни за Европа, вашите билборди за бесплатно здравство дека ќе имаме во Европа, измамите со референдумското прашање за ЕУ,  ако се изгласа референдумот ќе влеземе во ЕУ, а не само во НАТО“, истакна Мицкоски.

Претседателот на владата додаде и дека народот добро се сеќава на нивните фотографии од авионот, за кои тие се обидуваа да создадат лажна  слика во јавноста дека ги почнуваат преговорите, за што во моментов се видливи последиците.

Помни народот и за фотографиите од авиончето со пораки дека сме ги почнале преговорите. Памети народот како го лажевте и вие од СДСМ и ДУИ и Стево Пендаровски, кога излегоа и го прифатија последниот предлог во кој сега нашата Македонија има опција. Или народот да се откаже од својот идентитет под уцени од Бугарија, или нема придвижување кон ЕУ. Таа е таа реална и болна вистина која што за жал ние ја живееме.

Се навлековте заедно со ДУИ, седнавте во скут затоа што бевте корумпирани и ве држеа со уцени и низ заеднички зделки во сите сектори во државата, се продадовте. Затоа ќе ја повторам мојата порака: Срам сте за Македонија и за македонските граѓани“, изјави Мицкоски.

Поврзани вести