Skip to main content

Мицкоски: Реформскиот процес е одговорност, фокус на практични и одржливи политики

Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Во Владата денеска се одржала работна средба посветена на реформската агенда, со акцент, како што информира премиерот Христијан Мицкоски, на конкретни мерки за зајакнување на институционалните капацитети, владеењето на правото и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил порача дека реформскиот процес не е само формална заложба, туку одговорност што подразбира континуирана работа, транспарентност и партнерство.

Тоа е пат кој бара јасна стратегија и посветеност кон долгорочни цели. Остануваме фокусирани на спроведување практични и одржливи политики што носат вистински резултати, напиша Мицкоски.

Поврзани вести