Skip to main content

Мицкоски: Проектите од научно – истражувачката дејност во Македонија ја имаат нашата поддршка како Влада

Влада

Премиерот на Владата, Христијан Мицкоски присуствуваше на инфоден за можностите за поддршка на научно-истражувачката дејност во Македонија организиран од Машинскиот факултет – Скопје и Министерството за образование и наука во соработка со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија.

Добро е човек да е дома, ова е мојата институција, Машинскиот факултет во Скопје и многу сум среќен и чуствувам некоја емоција, бидејќи самиот настан е порака дека фокусот на оваа Влада во соработка со Машинскиот факултет, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, канцеларијата на Европската комисија кај нас е науката. Тоа е многу важно, бидејќи само со науката можеме да одиме напред, ако ја развиваме науката можеме да одиме напред. Без силна наука, без силно образование, без силно високо образование, но и не само високо, образованието треба да биде силно уште од предшколска возраст, основното, средното па високото. Не можеме да имаме силен раст на државата, не можеме да имаме раст на економијата а со самото тоа понатаму и во другите сектори, изјави Мицкоски.

Тој потенцира дека е добро е што ќе има размена на научници.

Добро е што наши научници ќе патуваат надвор, од таму ќе доаѓаат научници кај нас. Со тоа се прави трансфер на знаења, се прави мрежа, се публикуваат научни трудови, но се помага и на индустријата. Тоа е многу важно дека сите овие научни достигнувања кои што очекуваме да бидат резултат од овој проект да помогнат за развој на индустријата со тоа и на економијата.

Генерално, за мене е посебен ден, каде ваквите нстани и проекти ја имаат нашата целосна поддршка како Влада, потенцира Мицкоски.

Министерството за образование и наука неодамна потпиша Рамковен договор за истражување со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, со што се отвораат нови перспективи за развој на научните истражувања во Македонија.

Поврзани вести