
Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце. Овие длабоки гестови не се само обичај, туку силна порака дека никој не е безгрешен и дека секој има можност да покаже добрина наместо гнев, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, по повод празникот Прочка.
Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце, истакна Мицкоски.
Нека овој ден, додава тој, биде поттик да се приближиме едни кон други, да ги надминеме недоразбирањата и да ја зајакнеме вербата во заедништвото.
-Само со меѓусебна почит и искреност можеме да создадеме посилно и поправедно општество. За многу години!, се вели во објавата на Мицкоски