Skip to main content

Мицкоски: Ова се избори на кои испраќате порака за тоа што посакувате во иднина

Принтскрин од видео

Македонија одлучи да оди напред, одлучи да го одбере вистинскиот избор за твоето маало, за твојот човек, за нашата заедничка иднина, порача Мицкоски од митингот во Општина Чешиново Облешево.

Ова се локални избори каде се одлучува за човек за поединец кој треба да ве претставува и застапува во општината. Да се има свој човек во општината значи преку вашиот градоначалник да ги решавате проблемите, да ве слуша и да ви помага во се она што има значење за вашите животи. Но исто така ова се избори каде што испраќате порака за тоа што посакувате во иднина, испраќате порака кон нашите политички конкуренти кои за жал покрај поразот во 2024 година, но и од 2021 година, се уште не променети, истакна Мицкоски.

Мицкоски порача дека СДСМ е непроменет и одлуките не ги носат во партијата туку на некое друго место.

Поврзани вести