Skip to main content

Мицкоски од РЕК: Честит празник Голема Богородица, почит за рударите кои јуначки работат и создаваат

Ја користам оваа прилика да на сите православни христијани им го честитам големиот верски празник, Голема Богородица, а на сите граѓани во Македонија да им посакам пред сè здравје, среќа, љубов за нив и за нивните семејства бидејќи тоа е она коешто на сите нам ни е потребно, рече денеска Премиерот Мицкоски.

Ова се денови кога празнуваме, кога се среќаваме, се обединуваме, кога ќе зборуваме за верата, за духовната сила, за сето она коешто претставува предизвик во нашето секојдневие.

И убеден сум дека обединети сите заедно, сплотени, сите тие предизвици ќе ги надминеме.

Ја користам оваа прилика на оние јунаци, тоа се рударите да им го честитам денот на рударите, да им посакам уште многу убави работни денови, многу успеси бидејќи благодарение на нивната пожртвувана работа, макотрпна работа, секојдневна енергија којашто секојдневно ја вложуваат овде во РЕК „Битола“.

Ние имаме енергетска стабилност, а енергетската стабилност подразбира и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство.

Би сакал уште еднаш да повторам и да им го честитам денот на рударите со рударскиот поздрав „Среќно“ затоа што тие се нашата инспирација и знам и убеден сум од тоа што успеав да го видам дека мотивот не изостанува, желбата е тука присутна и сигурен сум за уште подобри резултати во месеците и годините коишто следат за македонскиот енергетски систем, за рударството, но и за македонската економија.

Уште еднаш на крај дозволете ми да го честитам овој голем православен празник

Голема Богородица и нека е за аирлија денот.“

Денеска го славиме големиот христијански празник Голема Богородица – ден исполнет со вера, духовна сила и заедништво, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Мицкоски.

Овој празник нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ.

На сите православни верници им упатувам искрени честитки со желби за здравје, радост и благосостојба во домовите.

Во истиот ден, со посебна почит им оддаваме признание и на нашите рудари, чиј труд е темел на индустрискиот развој и енергетската стабилност на државата. Вие, со вашата напорна и чесна работа, оставате трајна трага во изградбата на Македонија.

Владата останува посветена на подобрување на условите за работа, безбедноста и достоинството на секој рудар, затоа што вашата жртва и ангажман се од национално значење.

Нека овој ден ни биде потсетник дека со вера, труд и заедништво ја градиме иднината на нашата татковина.

На сите православни христијани им посакувам благословена и мирна Голема Богородица, а на сите рудари – среќен и честит празник со желби за безбедна и плодна година.

Поврзани вести