
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските во Охрид.
„Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми. Не случајно секторот туризам го додадовме до министерството култура, и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи според направените истражувања, најголемиот дел од посетителите, односно туристите кои ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација, токму тоа е и причината зошто ја посетуваат, односно богатото културно наследство, изјави премиерот Мицкоски.
Овој објект, оваа населба заедно со придружната инфраструктура навистина претставува еден значаен објект за Охрид и за туристите коишто го поетуваат Охрид, додаде Мицкоски.