
Секогаш сум бил директен и искрен. Така ја почнав мојата кариера и така ќе продолжам. Ги кажувам работите со вистински зборови, а не како политичарите во минатото да заобиколувам, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната вонредна прес конференција по повод Извашетајот на ЕП, каде се бришат термините македонски јазик и македонски идентитет.
Од мене секогаш ќе добивате само искреност и искрени намери. Во политиката влегов токму поради тоа. Затоа што сум дел од онаа излажана генерација на срушени соништа за сопствената држава кога мечтаевме да бидеме далеку напред како дел од Европаи тие вредности, а добивавме корупција, злоупотреби, предавства и неправди – истакна Мицкоски.
Мицкоски рече дека македонската историја е втемелена на неправди.
Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но за да ја разбереме таа блокада мора најпрво да сфатиме дека таа блокада не започна денес, ниту ќе заврши денес. Таа блокада е почната уште во 1990 година кога бугарската држава во моменти на ембарга, безпарица, војни во поранешна Југославија, како и проблематизирање на нашата држава од страна на Грција се случи еден гест од Бугарија, а тоа е признавање на посебноста на нашата држава – потенцираше Мицкоски.