
Да направиме сите заедно колку што е можно повеќе за Општина Деми Капија и кога ве гледам вака денес сплотени и обединети јасно ми е дека воде во Демир Капија промените се неизбежни, рече на Мтингот во Демиr Капија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тие промени се практично одговор на изминатите четири години. Четири години неработење на изгубено време за Демир Капија. И затоа со право народот ќе го казни ваквото управување со општината и очекувам победа тука уште на 19 октомври. Ова го темелама на тоа дека она што претставува СДСМ овде на локално ниво е само преслукување на она што претставуваат тие на национално ниво. Неработење, интриги, тендери и лични интереси, истакна Мицкоски.
Тој на граѓаните од Демир Капија им порача дека овие избори се за нивното маало, улица, но и избори за кои тие одлучуваат за нивната иднина.
Се праќа порака до оние кои сакаат повторно да се доберат до власт за да можат да го вратат времето кога во чети очи ја крчмеа Македонија, потенцираше Мицкоски.