
Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја, чувар на колективната меморија и најсилен израз на нашата културна и национална посебност. Во неговите зборови се вткаени борбите, надежите и стремежите на генерации кои го граделе и зачувале нашето постоење,напиша денеска премиерот Мицкоски.
Нашата должност денес е јасна и возвишена да го негуваме, унапредуваме и достоинствено претставуваме македонскиот јазик, како дома, така и на меѓународната сцена. Во време на предизвици, потребна е мудрост, единство и непоколеблива верба во вредностите што не дефинираат.

Македонски



