
Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на конференцијата „CPAC“ во Вашингтон, при што ја искористи приликата да ја запознае американската публика и јавност со предизвиците и препреките со кои Македонија беше соочена во изминатите 30тина години, како и историските и културните знаменитости на Македонија.
На овој традиционален настан се собираат конзервативците од САД но и од Западна Европа, а досега обраќање немал ниту еден премиер, а прва прилика да се обрати на CPAC доби македонскиот премиер Христијан Мицкски каде што ја раскажа македонската вистина и двојните стандарди на ЕУ бирократите.
Македонскиот премиер потенцираше дека од самиот почеток на нашата самостојност од поранешната југословенска федерација ние имаме две стратешки цели, влезот во НАТО и ЕУ во која не сме во можност да станеме членка, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав.
.
-Прво да станеме полноправна членка на НАТО и втората е да станеме полноправен член на Европската Унија. Ние станавме членка на НАТО, но пред тоа го сменивме знамето, ја сменивме нашата валута, го сменивме нашиот Устав, го сменивме нашето име, затоа што некој од нашите соседи станал член на НАТО пред нас и го злоупотреби ветото за да ги исполни билатералните барања. Ако ова не е мешање во внатрешните работи тогаш што е?“, запрашал Мицкоски, потенцирајќи дека двојните стандарди продолжуваат и денес.
Не сме во можност да станеме членки на ЕУ, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав, рече Мицкоски во своето обраќа.
-Ако Уставот не е внатрешно прашање на суверена земја, тогаш се прашувам што е? Зарем тоа е фер? Ако некој го критикува говорот, кое според моето скромно мислење беше многу инспиративен, треба да си го впери прстот во себе и да види што тој прави. Европските вредности не се билатеризација на процесот на пристапување кон Унијата, заклучил премиерот Христијан Мицкоски на интервјуто за време на најголемиот годишен собир на американските конзервативци во Вашингтон.
Може да се заклучи дека Македонија од самата нејзина самостојност досега немала ваков лидер. И покрај големите предизвици кои што ги имал премиерот Мицкоски додека беше во опозиција, и покрај тоа што се соочувал со голем број на опструкции, успеа сите на купче да ги демантира и да ги победи во секое поле, како и да се издигне во врваот на меѓународната политичка сцена.
Присуството и обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на а „CPAC“ во Вашингтон ги потврдуваат одличните односи на Македонија со САД, кои што сега се на уште едно повиско ниво