Skip to main content

Мицкоски: „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио

Денеска ја посетив фабриката КОСТАЛ Македонија во Охрид, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

КОСТАЛ Македонија заклучно со декември 2025 година планира да оствари 60% повеќе приходи споредбено со 2024 година.

Нивните цели се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу.

Јас можам да го искажам своето задоволство, затоа што „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио. Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција.

Поврзани вести