Skip to main content

Мицкоски и Касами на увид на реконструкцијата на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Христијан Мицкоски, фејсбук профил

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска со градоначалникот на Тетово Билал Касами беше на увид на работите на реконструкција на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

-Денес заедно со градоначалникот на Тетово, Билал Касами бевме во посета на активностите за реконструкција на училиштето „Кирил Пејчиновиќ” како и повеќе градежни активности за проекти во Ајдучкото маало во Тетово. Да работиме за напредок на Тетово, за твоето маало, за нашата иднина, напиша Мицкоски на Фејсбук.

По увидот во градот, тој оствари средба со членовите на Општинскиот комитет на партијата во Тетово.

Поврзани вести