
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска заедно со кандидатот за градоначалник, Александар Јовановски имале конструктивна средба со жителите на Кичево.

Разговаравме за нивните потреби, предизвици и идеи, и им ја претставивме нашата програма која нуди конкретни решенија за подобар живот. Верувам дека граѓаните на Кичево ќе го препознаат вистинскиот избор и дека во недела ќе дадат поддршка за политики кои носат развој, стабилност и иднина за сите нас“, напиша Мицкоски на Фејсбук

Македонски








