Skip to main content
Пред седницата на Уставниот суд в среда

Мицкоски ги замоли граѓаните да бидат спокојни бидејќи ова било „ изолирана група на поранешни високи функционери за кои постои сомнеж за криминал“

Во пресрет на седницата на Уставниот суд во среда премиерот Мицкоски сите граѓани ги замоли да бидат спокојни затоа што, рече, „ова е изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен огромен криминал, кој набргу од денеска ќе почне да се обелоденува“.

-Без разлика што се тие жилави, имаат свои инфилтрати во Обвинителството и во судството, без разлика колку ќе трае оваа наша борба, ќе ги поразиме. И едните, кои се слуги на овие, но и овие. И мора јавноста, и Македонците, и Албанците, но и сите останати, да ја дознаат вистинската вистина што се крие зад оваа хајка на овие политички профитери. И многу скоро од денеска ќе се дознае, рече Мицкоски.

Поврзани вести