Skip to main content

Ласовска: Ако СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го каже, а не да ги блокира реформите

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“, вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, која дискутираше на повеќе теми како правосудство, и актуелни политички случувања, меѓу кои беше и темата за случувањата околу пожарите и притоа потенцираше дека овие настани не се во корист на Владата, а за тоа доказ се директорите на Дрисла и комунална хигиена кои се токму од опозициската ДУИ.

„Очигледно е дека она што го гледаме и со депониите и со ѓубрето дека потребни се казни, мора и казни да постојат за некој којшто го уништува јавното добро. Во времето кога беше СДС на власт, јас се сеќавам дека Законот за прекршоци се смени и законските казни се многу мали, мораме да интервенираме во Законот за прекршоци да се направат високи казни за вакви нешта. Не може владејачка партија да креира паника, која е апсолутен фаворит на овие избори , и јас кога слушав дента дека има три пожари, и верувајте не само јас. Еве една анкета да направиме ќе ви кажат дека овие пожари не се случајни. Директор на Дрисла е ДУИ, директор на комунална хигиена е ДУИ. Е сега да видиме на кого му одговара да крева паника кај граѓаните? Се разбира на ДУИ“, објасни Ласовска.

Пратеничката Ласовска му реплицираше на пратеникот Снопче кој исто така беше дел од дебатата и гостин во емисијата, при што потенцираше:

„Која е потребата колега Снопче да го браните ДУИ кога до вчера бевте со нас во Владата? Колегата спомна дека добра реакција имаше во моментите кога министер за здравство беше вашиот сопартиец Таравари тоа ние не го спориме, и сега вие наместо тоа да го кажете вие го браните ДУИ“.

Ласовска се осврна и на темата за правосудството во земјава, и потенцираше дека по завршувањето на локалните избори кои следат потребно е да се изнајде решение за проблемите со правосудството во Македонија, при што во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Сања Лукаревска, истакна:

„Ако вие имате соломонско решение како да го решиме проблемот со јавното обвинителство и со судството кажете. Кога излегуваме на избори втор пилар наш беше борба против корупција и криминал и владеење на правото“.