
СДС повторно настапува со истите луѓе и истите структури кои нема да донесат промени и прави обид за убедување дека „ново лице“ значи и нов почеток-но вистината е поинаква, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС со изборот на Петар Мантев за кандидат за градоначалник во Неготино, ја нуди истата програма под друго име, со истата позадина и нуди кандидат печен по старата коруптивна матрица на Заев и Филипче, велат од партијата.
Досегашната политика на СДС е препознатлива по еден единствен модел-распродажба на јавните ресурси, корупција, нефункционални проекти и немање одговорност кон граѓаните.
Неготинчани се сведоци на неуспешни и нереализирани проекти, канализационен систем во лоша состојба и на афери кои што штетат на репутацијата на градот.
Граѓаните добро знаат што донесе СДС, а тоа е неспособност наместо развој, тендери наместо јавен интерес и скандали наместо решенија, СДС го направија Неготино симбол за партиска корупција.
Реновирање на спортската сала која наликува на оставен градилиштен скелет, “дива“ канализација во Дуброво, која е резултат на диво раководење со општината, аферата со мазутот за ТЕЦ Неготино и многу други злоупотреби, се само дел од коруптивната матрицата на СДС, а сето тоа финансирано со народни пари, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму велат дека јасно е дека станува збор за политички структури кои ја злоупотребуваат довербата на граѓаните за лични и теснопартиски интереси. Тие се дел од системот што го доведе Неготино во очајна состојба.
За СДС изгледа е доволно само кандидатот да знае каде е општината, а зад сцената да стои старата партиска машинерија, со истите ликови, истите интереси и истата алчност.
Но, граѓаните се свесни и нема да дозволат да се вратат во криминалната и корумпирана матрица од минатото, тие ќе го направат клучниот избор за кандидат кој работи во интерес на народот, кој нуди решенија и резултати и ќе ги води кон вистински промени“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доста е од дежа-ву! Граѓаните не смеат да бидат плен на партиските експерименти на Заев и Филипче и да им се продава старата приказна како нова премиера. Неготинчани заслужуваат иднина, а не распродажба, време е за град што се развива, а не за град што се уништува. Неготино заслужува чесна и одговорна локална власт, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.