
Во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Македонија и Вермонт, САД, денеска напладне ќе одржат едночасовен концерт во Паркот на Франкофонија во Скопје.
Од канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата соопштија дека како дел од армиската соработка на двете сојузнички армии, пред почетокот на поголемите вежбовни активности воените оркестри традиционално одржуваат заеднички концерти.
Потврдувајќи го тридецениското пријателство во духот на соработката реализацијата на заедничкиот концерт со армијата на Вермонт, дополнително ги зајакнува врските помеѓу двете сојузнички армии и држави, стои во соопштението