
По смртта на носителот на независна листа за Кавадарци, Панчо Минов, носител на независната листа за советници е неговата ќерка Лимба Минова Златевска. Измените се веќе направени и на веб-страницата на ДИК.
Претходно, претседателката на Општинската изборна комисија во Кавадарци, Емилија Петровска, во изјава за МИА посочи дека во случај на смрт на кандидат на советник, според Изборниот законик, се предлага нов кандидат во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите. Ако кандидатот што починал е носител на листа, како што додава, носител ќе стане кандидатот од кандидатската листа предложен од предлагачот на листата.
На 67-годишна возраст, вчера почина ексградоначалникот на Кавадарци и поранешен пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов. Тој беше носител на независна кандидатска листа за советници во Општина Кавадарци за овогодинешните локални избори.