Skip to main content

Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ ги образложуваат кандидатурите пред матичната собраниска комисија

Принтскрин

Кандидатите за членови на Програмскиот совет на Македонската денеска се претставуваа пред членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите именувањата. Меѓу пријавените има и актуелни членови во Советот кој брои 13 членови. Нивниот мандат е пет години, а ги избира Собранието со двотретинско гласање.

Со оглед дека расправата по кандидатурите е завршена, Комисијата согласно Законот за ААВМУ, организира јавна расправа за кандидатите кои ги исполнуваат условите. На неа се поканети организациите кои ја дале поддршката и самите кандидати, рече претседателот на комисијата Ѓорѓија Сајкоски на почетокот на седницата.

Меѓу кандидатите кои се најдоа на утврдената листа има дипломирани новинари, политиколози, дипломирани правници, но и актери, музиколози, продуценти, електроинженер и доктори на науки. Дел од пријавените се членови на програмскиот совет на МРТВ.

Пред комисијата и претставници на организации од невладиниот сектор, своите кандидатури ги образложија 13 кандидати. Тие зборуваа за нивните визии и плановите за подобрување на работењето на националниот медиумски сервис и програмските содржини.

До паузата на седницата кандидатурите ги претставија: Ваљдета Касапи – професорка по албански јазик и книжевност од Скопје и доктор по комуниколошки науки, Илир Рамадани – магистер по правни науки од Ново село, Кичевско докторанд и поранешен новинар во ТВ Ускана, Лазо Трпков – специјалист политиколог од Скопје, Бурим Рамадани – дипломиран музичар теоретичар, педагог од Куманово, Златко Јанковски – дипломиран политиколог од Скопје и член на програмскиот совет, Патриот Лумани – дипломиран новинар од Франгово, Струшко, Ристе Панов – дипломиран политиколог и магистер по економски науки од Свети Николе и актуелен член на советот, Давор Пашоски – магистер по европски студии за интеграција од Скопје, Марјан Велевски – дипломиран новинар од Скопје во пензија, Миле Грозданоски – дипломиран по историја на книжевности, филмски и телевизиски режисер од Скопје, Селпин Керим – дипломиран актер од Скопје и член на програмскиот совет, Смилка Јанеска Саркањац – професор на ФИНКИ и актуелен претседател на Програмскиот совет на МРТ од 2017 година, Ведат Мемедалија – дипломиран новинар од Слупчане, општина Липково, досегашен заменик-претседател

По паузата пред комисијата треба да се претстават уште 11 кандидати Никола Мадиќ, Анита Селими, Музбајдин Ќамили, Ивана Ефремоски, Билјана Бабиќ, Антонио Цилаков, Владимир Палашевски, Томислав Кежаровски, Владимир Крстевски, Беким Лачи и Маја Седрак.