
Правосудните органи веќе треба да се отрезнат и да се фатат за работа. Народот не ги плаќа да се кријат зад паушални соопштенија и да молчат во моменти кога треба да се најгласни и најактивни во целосно расветлување на вистината. Јавното обвинителство до сега веќе требаше да отвори истрага за да ги истражи сите наводи на, до сега, најголемиот скандал за прислушкување и следење на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, обвинителството на Љупчо Коцевски со денови молчи по откривањето на скандалозното следење и прислушкување на Мицкоски, новинари и бизнисмени од страна на службите за безбедност и разузнавање во периодот на власт на СДС.
Дали молкот на обвинителството и на Коцевски како негов прв човек, е затоа што тој знаел се, затоа што во периодот на прислушкување како обвинител бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерки?
Во својата шема за опстанок на власт, СДС ги вплетка не само службите, туку и јавното обвинителство, па цели пет години се што по нивна процена им го загрозува опстанокот на власт.
Затоа потребна е итна истражна постапка која ќе ја открие целата вистина и сите инволвирани лица, од извршители и помагачи, до оние кои ја дале наредбата за злоупотреба на службите со цел незаконско и неосновано следење на претседателот Мицкоски, како тогашен лидер на најголемата опозициска партија.
Одговорност за овој случај мора да има. Пред лицето на правдата да се изведат како извршителите, така и наредбодавците.
А, Коцевски и ЈО треба да си ја сработат работата и да даваат јасни и прецизни одговори на сите прашања, дилеми и основани сомненија.