Skip to main content

Јавно се искараа инженерите од Левица

Со јавни прозивања и напади се испокараа членовите на неформалната група Здружение на инженери, откако на својот профил на социјалните мрежи, Илија Бендевски јавно се огради од довчерашниот портпарол Денис Мустафаоглу.

Членот на нашата група, пензионираното воено лице (инаку многу активно) – Денис Мустафаоглу, подолго и систематски работи на узурпација на групата. Неовластено настапува во име на групата. Од кои причини тој самиот знае. Се известуваат медиумите дека тој не ја претставува групата. Ќе следуваат подетални информации, напиша Бендевски.

Бендевски покрај другото додаде и дека: „Денис Мустафаоглу е воено лице кое како што кажува имал завршено Машински факултет (не му приговарам и барам докази за тоа). Од инженерство нема ни ден работно искуство“.

Како што пишува „Нетпрес“, токму Мустафаоглу беше еден на најактивните членови на неформалната група – Здружение на инженери, која во јавноста објавува ставови за енергетскиот сектор и упатува конкретни барања до институциите, иако дел од нивните барања веќе се опфатени во новиот Закон за енергетика што беше донесен неодамна. Дел од барањата на Здружението на инженери, кои беа изнесени во јавноста, беа нелогични, бидејќи за истите веќе постои регулатива и се применува.

Близок член на семејството на Мустафоаоглу е дел од опозициската партија Левица и е член на советот на општината Ѓорче Петров од истоимената партија. Токму медиумите блиски до оваа партија ги поддржуваат ставовите на Здружението на инженери.

Поврзани вести