
Jавнатa обвинителка Татјана Кацарева од Штип ќе влезе во историјата како единствена јавна обвинителка со докажана способност за – клонирање. Таа успеала да испита четири сведоци во исто време, пишува „Плусинфо“.
Кацарева го води предметот против шефот на Вишото јавно обвинителство – Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој на 11 октомври 2024 година беше суспендиран од страна на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Од ланскиот 11 октомрви 2024 до 11 јуни годинава поминаа точно седум месеци, а истрагата за кривичното дело Малтретирање во вршење на служба (член 143 од Кривичниот законик) не е мрдната од место.
На 14 мај, по покана на обвинителката Татјана Кацарова, во својство на осомничен за сторено кривично дело Малтретирање во вршење на служба, обвинителот Мустафа Хајрулахи и неговиот бранител уредно се одзвале на поканата и оттишле во ОЈО Штип.
На записник побарав да ми се дозволи да извршам увид во списите од предметот, за да се запознам за што ме тoвари обвинителката Кацарова. По извшениот увид, побарав во копија да ми се достават списите од предметот оформен против мене. Од извршениот увид, констатирав дека јавната обвинителка Татјана Кацарова, заедно со сведоците-оштетени во предметот кој се води против мене, направиле фалсификат врз јавна исправа, врз Записник за испитување на сведок-оштетен – тврди Хајрулахи за „Плусифно“.
Според словото на записниците, обвинителката Кацарева во исто време испитувала четири оштетени, што е спротивно на законите на природата.
Така, на 5 ноември 2024 година, на Записник за испитување сведок-оштетен КО бр. КО бр. 452/24, на име Валентина Калинковска, е наведено дека испитувањето на сведокот почнало во 20.00 часот и завршило во 21.08 часот.
Во Записникот за испитување на сведок-оштетен КО бр. 452/24 од истиот ден (05.11.2024 година), на име Жаклина Никодиновска, се вели дека испитувањето на сведокот почнало во 20.26 часот и завршило во 20.58 часот.
Записникот за испитување на сведок-оштетен за истиот предмет и за истиот ден, на име Ружица Јосифова, тврди дека испитувањето на сведокот почнало во 21.03 часот и завршило во 22.23 часот.
Конечно, записникот за испитување на сведок-оштетен (КО бр. 452/24 од 05.11.2024 година), на име Даниела Лапе, тврди дека испитувањето на сведокот почнало во 21.15 часот и завршило во 21.55 часот.
Целиот текс тука