
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев во наредните неколку дена престојува во Соединетите Американски Држави како дел од владината делегација, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински во рамки на работната посета што опфаќа учество на 74. Национален молитвен појадок во Вашингтон, настан со долга традиција кој обединува политички лидери, верски заедници и претставници од целиот свет.
Посетата ја започнавме со работна средба со Козета Гарет, генерален менаџер за сајбер-безбедносни услуги во Microsoft, на која разговаравме за клучни прашања поврзани со заштитата на дигиталниот идентитет, безбедноста на националните е-услуги и современите пристапи за детекција и одговор на сајбер-закани. Фокусот беше ставен на изградба на отпорни и доверливи системи кои обезбедуваат континуитет и високо ниво на безбедност на услугите што секојдневно ги користат граѓаните и институциите, објави Јанушев.

Македонски



