
Инвестициите во наставно-образовниот процес во битолските училишта е една од најважните столбови во програмата за работа на локалната самоуправа. Во изминатите три и пол години, почнувајќи од 2022 година, вложувањата во капитални инвестиции, како и во опремата и одржувањето на основните и средните училишта, од страна на општината, МОН, како и преку различни проекти и донации, изнесува 607.278.334,00 денари, информират од општина Битола.
За капитални инвестиции, од 2022 година до сега, инвестирани се 413.138.833,00 денари во образовните институции. Од нив, дел се аплицирани преку повикот од Владата, за изградба на 9 училишни спортски терени, 4 спортски сали во училиштата и реконструкција на објект наменет за образование во нас. Буковски ливади.
За опремувањето по различни основи, како што се материјалите, мебелот, спортската опрема итн, издвоени се 21.915.730,00 денари.
Во 10 објекти, односно во 7 основни и 3 средни училишта, поставени се фотоволтаици во вредност од 11.223.771,00 денари.
За тековните одржувања во училиштата, издвоени се околу 161.000.000,00 денари, во изминатиот период од 2022 година.
Училиштата имаат сопствени побарувања во однос на тековните обврски, кои што не го загрозуваат тековниот процес на работа.
Локалната самоуправа, преку ваквите инвестиции, уште еднаш потврдува дека продолжува да биде поддршка за воспитно образовните институции, со цел заедничко создавање на квалитетни услови за изведување на наставно-образовниот процес.