Skip to main content

Информативен ден за Оперативниот план за вработување во Битола

Во рамки на активностите за промоција на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, утре (13.06.2025 година, петок) во 11 часот во салата на кино „Манаки“ во Битола ќе се одржи информативен ден.

На изформативниот ден во Битола ќе бидат присутни претставници од министерството за економија и труд, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото, како и претставници од општините Битола, Могила, Новаци, Ресен и Демир Хисар.

На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството за економија и труд.

Поврзани вести