Skip to main content

Игор Христов е кандидат за градоначалник за Кочани од СДСМ

Игор Христов е кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од редовите на СДСМ за претстојните Локални избори што ќе се одржат на 19 октомври, објави локалниот огранок на најголемата опозициска партија во државата.

Тој е правник, вработен како професор во СОУ „Љупчо Сантов“.

Христов е поборник на социјалдемократските вредности, но пред се искрен, посветен и трудољубив човек со практицирање на ред и дисциплина“, се наведува во соопштението на ОО на СДСМ од Кочани.

Се додава дека Игор Христов е и граѓански активист, а во неговата биографија стои дека има остварено интернационална спортска кариера како боречки судија.

Во моментов ја извршува партиската функција претседател на ОО на СДСМ за Кочани.

Поврзани вести