Skip to main content

Гаши: Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, со интегритет и отчетност

Фејсбук профил на Африм Гаши

Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, со интегритет и отчетност, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Овој ден не е само симбол, туку и сериозен потсетник, како што истакнува Гаши, да не заборавиме дека борбата против корупцијата не се води сама по себе и не се ограничува само на закони.

Борбата против корупцијата бара култура на интегритет, личен пример, политичка одговорност и општествена свесност. Таа се спречува и се надминува тогаш кога ја одбиваме рамнодушноста. Затоа, мисијата ни припаѓа на сите, да изградиме држава каде што правдата, транспарентноста и интегритетот не се апстрактни аспирации, туку единствениот начин на функционирање, посочува Гаши.

Поврзани вести