Skip to main content

Гаши – Фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Собрание

Претседателот на Собранието на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која истакнал дека нејзината посета на Скопје претставува поддршка и афирмација на цврстата определба на државата да остане на европскиот пат.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши посочил дека за Македонија, како земја кандидат, Европската Унија не е само политички и економски блок, туку претставува посветеност на вредностите како демократијата, владеењето на правото, човековите права и солидарноста.

Собранискиот спикер истакнал дека и кога земјата се соочувала со најголемите предизвици, граѓаните не се поколебале во однос на членството во ЕУ.

Гаши нагласи дека слоганот на ЕУ „обединети во различностите„ најдобро ја опишува Македонија, а изрази и благодарност за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој ветува значително подобрување на економскиот и социјалниот развој на државите во регионот и нивна поголема интеграција во ЕУ“, стои во соооштението на собраниската прес-служба. 

Поврзани вести