
Инспектори на Финансиската полиција вршат контрола на финансиското работење во прилепската болница за последните неколку години. Според Кире Јоноски, директор на Болницата, контролата почнала вчера.
– Финансиската полиција го испитува работењето на Болницата во последните години. За одредени финансиски нелогичности како ново раководство укажавме. Контролата започна вчера, потврди Јоноски.
Финансиската полиција врши проверка и ова е во предистрага.