
Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче на прес-конференција во Собранието нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на актуелната власт, пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори.
Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што го гледаме е еднаков на владеењето на Никола Груевски. Ако денеска помине на Комисија овој Закон за Владата како што е, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за Изборниот законик“, најави Филипче.
Тој, исто така, изрази уверување дека ќе има предвремени избори, посочувајќи дека затоа им се брза со овие законски измени.

Македонски


