Skip to main content

Денеска во Скопје Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан 

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Олимпискиот комитет на Македонија.

Целта на оваа конференција е да се поддржи поширока стратешка дискусија за растечката улога на спортската дипломатија во унапредувањето на националните интереси, зајакнувањето на меѓународната соработка и подобрувањето на регионалната поврзаност. Настанот ќе се фокусира на современите политики, практики, предизвици и идни можности поврзани со користењето на спортот како дипломатска и развојна алатка.

Во рамки на Самитот ќе биде официјално промовиран и Western Balkan Sport Diplomacy Hub – регионална иницијатива, која има за цел да ја зајакне соработката помеѓу олимписките комитети од регионот и да ја унапреди улогата на спортот како алатка за дипломатија, меѓународна соработка и градење мостови помеѓу народите.

Настанот ќе обедини претседатели и генерални секретари на олимписките комитети од земјите од Западен Балкан и поширокиот регион, како и девет амбасадори и високи институционални претставници, кои преку две панел-дискусии ќе разговараат за современите предизвици, политики и перспективи на спортската дипломатија.

Посебен момент на Самитот ќе биде свеченото потпишување на документот за воспоставување на Регионалниот центар за спортска дипломатија, како заедничка иницијатива на олимписките комитети од Западен Балкан.