
Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле.Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење, наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните.Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид пандемијата, Филипче и Заев наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја користеле за да ја преземат приватната болница Жан Митрев, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го потврди самиот др. Жан Митрев, кој во своето јавно сведоштво ја разоткри вистината за начинот на кој со притисоци, уцени и злоупотребата институциите Заев и Филипче ја водеа државата за свои лични интереси.Тандемот Филипче-Заев сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, а за возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев, што е класична уцена и злоупотреба на власта.
Овие обвинувања за кланот Заеви и чуварот на фотелјата на СДС, се надоврзуваат на долгата низа сомнежи за злоупотреби на системот за бенефиции и придобивки, како и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции и што ли уште не.
Ова не е политика наменета за граѓаните и државата, туку е мафијашки модел на дејствување за лични клановски придобивки.
И денес Филипче се обидува да се претстави како ново лице на политичката сцена, но всушност е човек обременет со своето минато кој само седи на партиското столче на Заев и ги спроведува истите политики, со истите луѓе, истите шеми и истата злоупотреба.
Оттука се поставува едноставно прашање, на кое и Филипче и СДС треба да дадат јасен одговор. Дали човек со ваков сериозен багаж на скандали, сомнежи и тврдења за злоупотреба на власта може да има кредибилитет да води партија?
Но, наместо одговорност и повлекување, сведоци сме на уште поголема ароганција и молк од Филипче, затоа сега правдата е таа која треба да зборува.
Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи за мафијашките притисоци, уцени и користењето државата и институциите од страна на Филипче и Заев за приватни, односно, за остварување на клановските цели.
Не треба да има недопирливи, законот треба да важи подеднакво за сите.

Македонски




