Skip to main content

Филипче: Граѓаните ќе одлучат кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат

Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска. Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања, мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма, истакна Филипче.

Филипче смета дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат.