Skip to main content

Филипче да си даде оставка, делел тендери на таткото на Пановска, побараа од ВМРО ДПМНЕ

Фото: Република (А.Ивановски)

Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка.

Венко Филипче додека беше министер за здравство ја постави Ирина Пановска за директорка на Хематологија, а таа пак даваше милионски тендери секоја година на веледрогеријата Др. Пановски, сопственост на нејзиниот татко, истакна денеска на прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче даваше милиони кон Др. Пановски и преку други здравствени установи.

Системот на Венко Филипче е давање тендери на негови блиски фирми, и тендери преку непотизам.

Венко Филипче се бори за власт, за нови тендери и за нови тендерски шеми.

Системот на Венко Филипче го урниса здравството.

Фактичката состојба во здравството денес, во поглед на недостатоци и проблематики е последица на тендер шемите на Филипче и СДС.

Венко Филипче нема кредибилитет, тој треба веднаш да си даде оставка- рече Манасиевски.

Поврзани вести