
Општините во Македонија неефикасно ги наплаќат даноците по основ на недвижен имот, немаат ажурирани регистри, а се отпишуваат долгови по однос на задоцнето плаќање и камати…
Дури близу 50 милиони евра останале ненаплатени за периодот од 2020 до 2024 година, а речиси 4 милиони евра се отпишани долгови. Проблемот се зголемува и поради неекипираност на даночните одделенија во општините, немањето даночни инспектори, со само еден од УЈП и 16 инспектори во целата држава. Државниот завод за ревизија констатирал и дека даноците се пресметуваат по нереални цени на вредност кои со години не се сменети, а нема ни кој да направи нова проценка.
Согласно Годишната програма за работа за 2025 година, Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Ефикасноста на мерките и политиките за администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци “ со цел да се даде одговор на прашањето: Дали мерките и политиките за администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци се ефикасни во обезбедување навремена и целосна наплата на приходите и фискално одговорно
управување?
Со ревизијата беа опфатени активностите во период 2020 до 2024 година, а одредени
прашања и настани се опфатени пред и по овој период.

Македонски


