Skip to main content

Дури и Вистиномер мораше да признае дека СДСМ лаже за пожарите

МИА

Податоците од статистиките што ги водат домашните и европските институции за бројот на шумски пожари укажуваат на десеткратно помали бројки од тврдењето на опозицискиот СДСМ. Имено, во земјава во просек годишно горат ококу 8,4 илјади хектари шуми и нискостеблести растенија, а според Европскиот информативен систем за шумски пожари заклучно со 22 јули изгореле нешто над 12 илјади хектари, што е 1,2 отсто од вкупниот шумски фон, пишува Вистиномер.

СДСМ во соопштение за јавност за состојбата со пожарите во земјава во кој тврди дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажала исклучителна неспособност за справување со истите, во еден дел од соопштението изнесува невистина:

Ситуацијата со пожарите во земјава е алармантна: над 50 пожари се регистрирани за едно деноноќие, веќе со денови гори на планините и во шумите, пожари има во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Желино, Македонски Брод…Над 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се изгорени, претворени во пепел.Наместо брза, координирана и силна реакција, владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа катастрофална неспособност во справување со пожарите, реагираше СДСМ во соопштение.

Образложение на Вистиномер:

Иако може да се спори со оценките и во друг дел на соопштението на опозициската СДСМ, сигурно е дека податокот дека досега изгореле над 20 проценти од вкупната површина на шуми и пасишта е невистина, бидејќи со малку истражување може да се утврди и до десетина пати понизок процент.

Најпрво, некоректно кон јавноста е да не се соопшти изворот, а особено да не се раздвојат термините шуми и пасишта. Тоа е затоа што вкупната површина на шуми и пасишта во земјава опфаќа еден милион и седумсто четириесет и две илјади хектари (1.742.000). Од оваа бројка, над еден милион припаѓаат на шуми (поточно 1.008.000 ha според Заводот за статистика на РМ – стр. 473) и околу 730 илјади хектари пасишта (поточно 734.000 ha користени пасишта според Макстат базата на податоци за 2024 година.) За да биде бројката приближно точна според соопштението на СДСМ, треба да се претпостави дека засега изгореле над 340 илјади хектари површина со шуми пасишта.

Имајќи предвид повеќегодишни статистики што ги водат и домашните и европските институции, оваа бројка е невозоможна. Имено, во државата според податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање, од 1999 година заклучно со 2023 година, просечно годишно се опожаруваат нешто над 8.400 хектари со шуми:

Речиси 95% од шумските пожари се предизвикани од човекот. Шумските пожари во разгледуваниот период просечно годишно уништуваат околу 8.475,38 ha шума. Годишно во просек во периодот од 1999 до 2023 година има по 205 пожари. Во 2007 година поради екстремни суши и човечки фактор имало 652 пожара на околу 35.000 ha површина.

Целиот текст прочитајте го на Вистиномер

Поврзани вести