Skip to main content

ДУИ почнува да наликува на хумористично друштво: Бараат борба против олигарсите

Сè појасни се сигналите од Европската унија дека деолигархизацијата е неопходен чекор за демократизација и напредок на нашата држава.Затоа, повторно прашуваме: кои олигарси ги штити оваа влада?, прашува ДУИ

Чии интереси стојат зад нејзиниот упорен молк ?, прашуваат од Мала Речица

Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите граѓани.

Токму тие се виновни за продлабочувањето на економската и социјалната неправда, како и за создавањето на систем кој им служи само ним, на сметка на иднината на сите останати.

Како што постојано истакнуваме, ревизијата на процесот на приватизација е неопходна.

Тоа не е само барање, туку обврска кон граѓаните кои со години се жртви на неправедните и корумпирани практики што ја доведоа нашата економија во оваа состојба.

Ги повикуваме институциите веднаш да преземат чекори за деолигархизација, а Владата да престане да биде заробена од спонзорствата на овие олигарси.

Наместо да ги штити нивните привилегии, Владата мора да покаже одговорност и да го усвои Законот за рестриктивни мерки како прв чекор кон враќање на владеењето на правото и економската праведност.

Деолигархизацијата не е избор, туку услов за напредок на нашата земја кон вистинска демократија и интеграција во Европската унија.

Време е Владата да ги стави интересите на граѓаните пред личните и интересите на олигарсите.

Поврзани вести