
По повод 17-годишнината од независноста на Косово, делегација на општина Дебар, предводена од градоначалникот Хекуран Дука положи цвеќе на спомен плочата во градскиот парк.
Плочата е поставена од косовски граѓани во знак на благодарност кон градот кој прими стотици бегалци за време на косовската војна.
На плочата пишува „Март-јуни 1999 година Дебар беше мало Косово и Косово негова рана“.
Денеска го славиме еден од најважните денови во историјата на нашата нација, 17-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово! На 17 февруари 2008 година се оствари сонот на многу генерации и Косово беше прогласено за слободна, независна и суверена држава, напиша Дука во објава на Фејсбук.
Со Дука беа и претседателот на Советот на општината Фуат Спахиу и Башким Машкули, член на Советот.