Skip to main content

Членовите на комисијата утре ќе ја посетат АНБ, и Мицкоски ги повика тоа да го сторат

Нека појдат пратениците во сите агенции, и во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и  Агенцијата за разузнавање (АР), кажав што имав да кажам, нема што повеќе да зборувам. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, при денешниот увид на проекти во Гази Баба, одговорајќи на новинарско прашање што очекува од посетата на пратениците на АНБ по наводите за негово незаконско прислушување како опозициски лидер, новинари и бизнисмени, како и за коментар на барањето на опозицијата да се декласифицираат податоците.  

На денешната седница на Комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање беше одлучено членовите на оваа Комисија кои имаат безбедносен сертификат да ја посетат АНБ и да ги разгледаат документите кои ќе им бидат доставени.  Со Комисијата претседаваше пратеникот Блерим Беџети. Членовите на Комисијата покрај надзорот во АНБ за утре во 12 часот донесоа одлука да ја посетат Агенцијата за разузнавање.

Поврзани вести