
На сите православни верници ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.
Мајката Божја е симбол на скромноста, трпеливоста, човечноста, споделувањето на радоста и тагата и подавањето рака секому кому му е потребна.
Со обележување и празнување на Успението на Богородица, ги празнуваме, почитуваме и вреднуваме вековната традиција, семејството и семејните вредности, разбирањето и љубовта кон ближните, пожртвеноста и подготвеноста за надминување на искушенијата.
Овие се начела на Мајката Божја кои не прават подобри човечки битија и се извор на духовната сила на сите верници.
Нека ни е за многу години Пресвета Богородица и во духот на заедништвото со мир, спокој и добро здравје да го прославиме!“, се вели во честитката