Skip to main content

Болницата во Кочани се заблагодари на сите кои помогнаа во тешките моменти

ЈЗУ Општа Болница Кочани јавно упати голема благодарност до сите кои беа присутни денес, вработените во ЈЗУ ОБ со ПД, центар за јавно здравје – Кочани, матичните лекари и приватните специјалисти од Кочани се со цел да ни помогнат во овие тешки моменти.

Дополнително бевме појачани со екипи од здраствените домови Берово, Делчево, Виница, Неготино, Пробиштип, Железничар, Пехчево, Радовиш, Валандово, Кратово, Велес, Демир Хисар, Крушево, Битола и Ресен. Исто така сакаме да упатиме благодарност и до Црвениот крст кој со свои екипи во кои беа вклучени дел од матичните лекари од Кочани, Велес, Кавадарци, Скопје и Виница.
Благодарност и до Зегин, Але дар, Центробизнис, маркет кај Тоше.
Посебна благодарност до Министерството за здравство и МВР, порачуваат оттаму.